домаХроникаТетовец добивал закани да исплати поголема сума пари и да предаде возила,...

Тетовец добивал закани да исплати поголема сума пари и да предаде возила, па му се изгубила трагата пред два дена

- Advertisement -spot_img

56-годишен тетовец пријавил дека неговиот син бил изложен на притисоци и закани поврзани со договор за деловен простор во Тетово, по што од неделата не може да стапи во контакт со него.

Како што информираат од МВР, вчера во 10 часот во СВР Тетово, Б.А. (56) од село Горно Палчиште пријавил дека во изминатите денови неколку лица, кои ги познава, вршеле притисок и со закани барале од неговиот син Д.А. да исплати поголема сума пари и да им предаде возила.

Според пријавеното, барањата биле поврзани со договор за деловен простор во Тетово.

По упатените закани, од 13 септември Д.А. е недостапен и неговиот татко не успева да стапи во контакт со него.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img