домаМакедонијаСончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

- Advertisement -spot_img

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img