домаМакедонијаШто е постигнато и кои се главните иницијативи за наредната година на...

Што е постигнато и кои се главните иницијативи за наредната година на ЕК – годишно обраќање на Фон дер Лајен в среда

- Advertisement -spot_img

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе го одржи своето годишно обраќање за состојбата на Унијата (SOTEU) на 16 септември 2026 година во Стразбур, информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Секоја година во септември, претседателката на Европската комисија го одржува обраќањето за состојбата на Унијата пред Европскиот парламент, при што прави преглед на постигнувањата од изминатата година, се осврнува на заедничките предизвици и ги претставува приоритетите за претстојната година, како за Европа, така и пошироко. Во овогодишното обраќање, претседателката Урсула фон дер Лајен ќе ја претстави својата визија и главните иницијативи за наредната година. Таа ќе истакне како Комисијата ќе ја продолжи својата работа за да обезбеди посилна, побезбедна и понезависна Европа, се вели во соопштението.

Обраќањето можете да го следите во живо преку EBS https://audiovisual.ec.europa.eu/en , на YouTube каналот на Комисијата https://www.youtube.com/watch?v=umrbVNoS2PA , како и на каналите на социјалните мрежи на Европската комисија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img