домаМакедонијаКејот на Вардар затрупан со ѓубре, скопјани губат трпение со депониите

Кејот на Вардар затрупан со ѓубре, скопјани губат трпение со депониите

- Advertisement -spot_img

Добија ветување за чист и среден кеј, а шетаат покрај ѓубре. Едно од најпосетуванјте места во Скопје е со поинаква слика од најавената. Граѓаните велат, кејот на Вардар повеќе им наликува на запуштена локација, отколку на место за рекреација.

Ова е една од патеките која што ги води граѓаните до шеталиштето на Кеј, но во моментов тука се наоѓа мини депонија.

Ѓубре има насекаде, покрај кантите и во зеленилото, падури и на патеките за рекреација, каде слободено се шетаат и кози и коњи. Граѓаните, се жалат и дека со денови мириса на изгорено и не можат да отворат прозорци за да проветреат. Надлежените, велат дека континуирано се работи на решавање на проблемот со сметот.

Општина Карпош континуирано работи на справување со дивите депонии и несовесното одлагање отпад. Вработените од Секторот Инспекторат и екипите за грижа на јавната хигиена се секојдневно на терен, ги следат критичните локации и интервенираат таму каде што е потребно, а Општината редовно излегува во пресрет и на комуналните служби на Град Скопје при расчистување на поголеми количини кабаст и друг отпад, велат од Општина Карпош.

Дополнително, во соработка со Град Скопје била спроведена шестнеделна засилена акција со дежурства на клучните точки, при што се изрекле повеќе од 50 казни на физички лица за несоодветно одлагање отпад. Скопјани пак не се задоволни од тоа како градот се справува со проблемите со дивите депонии, кои ако во минатото беа сокриени локации, сега се појавуваат насекаде во урбаните населби.

,,Порано беше почисто, сега е попрљаво, а се надевавме дека сега ќе биде почисто, но не гледам некоја промена’’, рече еден граѓанин.

,,Па сепак гледам премногу отпад’’, вели друг граѓанин.

,,Не знам дали има решение на толку голем град на толку многу луѓе’’, додава граѓанин.

Град Скопје донесе и предлог-одлука со која ќе бидат поставени 30 камери на територијата на градот. Една од целите ќе биде спречување на формирање диви депонии, но исто така ќе се заштити јавната опрема, инфраструктурата и урбаната средина од вандализам, како и следење на сообраќајот во Скопје.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img