Од денеска до понеделник на програмата се сите пет натпревари од 7.коло во ПМФЛ. Познати се и судиите, па така на дербито кое се игра денеска во Кавадарци, а се среќваат Тиквеш и Струга ТЛ, за главен судија е одреден Игор Стојчевски од Скопје.
Утре ќе биде интересно во Куманово каде играат Башкими и Вардар, а овој меч ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.
Во продолжение можете да ги видите кои се судиите на сите натпревари од ова коло.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 7.КОЛО
ДЕНЕСКА 16 Ч
Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ (Игор Стојчевски)
Гостивар: Арсими – Шкендија (Влатко Илиоски)
САБОТА 16 Ч
Куманово: Башкими – Вардар (Александар Грујоски)
НЕДЕЛА 15.45 Ч
Кратово: Силекс – Брегалница (Благојче Ралевски)
ПОНЕДЕЛНИК 16 Ч
Скопје: Шкендија А – Скопје (Доне Ристовски)






