домаМакедонијаСнежана Лупевска Созен со сведоштво од Њујорк за време на терористичкиот напад:...

Снежана Лупевска Созен со сведоштво од Њујорк за време на терористичкиот напад: „Трчав во паника низ толпа народ за да најдам говорница за да ги известам во А1 телевизија“

- Advertisement -spot_img

На 11 септември 2001 година, во Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон се случи еден од најтрагичните настани во историјата каде се изврши терористички напад од страна на Ал Каеда во кулите близначки.

Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија. Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон.

Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите во Њујорк, после што и двете кули се урнале, по нив и две соседни згради, а уште три згради биле тешко оштетени.

Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати.

Во моментот во Њујорк се наоѓала и една наша позната новинарка, Снежана Лупевска Созен која го посведочила трагичниот момент.

Денеска таа посвети објава на нејзиниот Фејсбук профил посветена на 25 годишнината од терористичкиот напад, раскажувајќи го своето искуство со целиот настан.

-25 години од нападот на World Trade Center во New York. Ден кога несвесна што се случува трчав со толпата народ на Менхетен во паника слушајќи ги звуците на сирените, но јас трчав барајќи телефонска говорница за да известам преку тогашната А1 Телевизија дека се случил терористички напад . Сеќавање на жртвите, но и на оние кои со денови се обидуваа да спасат преживеани под урнатините на World Trade Center – напиша Созен.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img