домаМакедонијаКирјас: Владата ја заглави Македонија во интелектуален ќорсокак – економијата бара ЕУ...

Кирјас: Владата ја заглави Македонија во интелектуален ќорсокак – економијата бара ЕУ и реформи

- Advertisement -spot_img

Ден по одбележувањето на 35-годишнината од независноста, поразителната реалност покажува дека Македонија не страда од надворешни блокади, туку од заглавени запчаници дома, системска ерозија и отсуство на визија. Во својата најнова анализа, Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационала — светската организација каде ЛДП е полноправна членка — прецизно дијагностицира дека Македонија се наоѓа во опасен „интелектуален ќорсокак“.

„Поминаа речиси три години од завршувањето на европскиот скрининг кој ги мапираше сите реформи, а државата сѐ уште нема формирано преговарачки тимови, ниту води суштинска дебата за својата иднина“, потсетува Кирјас. Оваа загрижувачка состојба директно коинцидира со ставот на претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, која јасно порача дека три децении слушаме за „реформи“, додека во пракса гледаме институционална деградација предводена од гарнитури кои наместо систем, ја третираат државата како партиски плен.

Вистинскиот патриотизам не е пеење песни со рака на срце и закачување знамиња додека сопствените функционери се амнестираат, а партизацијата се продава како кадровска политика. Пласманот на илузии за некакви „алтернативни партнерства“ и нулти царински стапки преку Атлантикот е геополитички аматеризам кој го рушат самите бројки, тврди Кирјас. Како што потенцира потпретседателот на ЛИ, енормни 78% од македонскиот извоз завршува директно на пазарот на Европската Унија, што нѐ прави економски поповрзани со ЕУ дури и од Германија или Исланд. „САД и НАТО го даваат воено-безбедносниот чадор што веќе го имаме, но Европската Унија го обезбедува социјално-економскиот модел, слободниот пазар и развојните фондови. Со секој изгубен ден во маневри, Македонија губи милијарди евра неповратни грантови — како оној пакет од над 3 милијарди евра за Црна Гора — пари кои никој друг нема да ни ги надомести“, потенцира Кирјас.

Паралелно со економските заблуди, власта продолжува да ги деградира дипломатијата и институциите со некомпетентни партиски кадри, целосно игнорирајќи ги домашните и меѓународните експертски капацитети. „Времето веќе го диктираат други, а роковите неумоливо притискаат: на 30 септември Европската комисија го доставува пакетот за претпристапна интеграција, а на 15 октомври расправа Европскиот совет. Без сопствени дефинирани позиции, Македонија повторно ќе биде само пасивен набљудувач на туѓи одлуки,“ вели во анализата Кирјас.

ЛДП инсистира на итно прекинување на изговорите и на релативизацијата на потребата од брзо членство ЕУ, мобилизација на сите експертски капацитети и итно формирање на преговарачките тимови. Независноста не се слави со празни зборови и евтин ПР, туку се живее со одговорност, функционални институции и вистински стандард за сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img