домаМакедонијаСилно невреме во Хрватска и Словенија, ветер со брзина од 103 км/ч

Силно невреме во Хрватска и Словенија, ветер со брзина од 103 км/ч

- Advertisement -spot_img

Силно невреме денеска го зафати северниот дел на Балканот, откако временската промена од северна Италија и Алпите се прошири кон Словенија и Хрватска. Невремето донесе поројни врнежи, силен ветер, град и проблеми во повеќе места.

Во Словенија се измерени удари на ветер со брзина до 103 километри на час, додека во северна Италија силниот ветер и обилниот дожд соборуваа дрвја и предизвикуваа поплави. Невремето стигна и до Хрватска, каде што се регистрирани обилни врнежи во Риека и силни налети на ветер во западниот дел на Загреб.

Станува збор за изразена промена на времето, поврзана со студен фронт, кој од запад преку северна Италија и Алпите се движи кон Словенија, Хрватска и останатиот дел од западниот Балкан. Судирот на постудениот воздух со топол и влажен воздух над Средоземното Море создава услови за силни грмотевични процеси, поројни врнежи, град и бурни налети на ветер.

Невремето најпрво ја зафати западна Словенија, а потоа се прошири кон внатрешноста на земјата. Околу пладне стигна и до Љубљана, каде што делови од градот останаа без електрична енергија.

На словенечкото крајбрежје најсилните налети биле околу 50 километри на час, но метеоролошката станица Канин измерила удар на ветер од дури 103 километри на час. За Приморска било издадено портокалово предупредување, кое потоа било проширено на поголем дел од земјата поради најавените обилни врнежи.

За југозападна Словенија во вечерните часови е најавен нов невременски систем, кој би можел да биде уште посилен. Дополнителен проблем може да претставуваат врнежите во четврток, кога локално од словенечка Истра до централна Словенија за кратко време би можеле да наврнат околу 100 литри дожд на квадратен метар, а на одделни места и повеќе.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img