домаРегионПремиерот на Србија Мацут денеска ќе предложи распуштање на парламентот

Премиерот на Србија Мацут денеска ќе предложи распуштање на парламентот

- Advertisement -spot_img

Владата на Србија денес ќе одржи вонреден состанок, по што премиерот Ѓуро Мацут ќе се обрати до јавноста со предлог за распуштање на Народното собрание, соопшти владата.

Состанокот е закажан за 15:30 часот по српско време, а по завршувањето, Мацут ќе го презентира својот предлог. Распуштањето на парламентот е неопходна постапка, за да можат да се закажат предвремени парламентарни избори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно објави дека изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври и дека ќе ги закаже најдоцна за 9 или 10 септември.

Српското законодавство предвидува парламентарните избори да ги закажува претседателот. Помеѓу датумот на кој се објавени изборите и спроведувањето на гласањето, не смее да има помалку од 45, а не повеќе од 60 дена.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img