Лука Антиќ, највозрасниот син на Перо Антиќ и официјално почнува тренерска кариера. Иако има само 19 години, сепак Лука одлучи да биде тренер како што денеска објави Академија ИБА.Тој ќе биде дел од тренерскиот тим со тоа што ќе работи со најмладите во школата, тие до 16 години, каде што ќе биде помошник.
Лука Антиќ досега имаше играчка кариера, беше дел од младинските репрезентации на Македонија, беше дел и од Вардар и Феникс каде играше во Првата лига, но одлучи сепак да мине во тренерските води.






