домаМакедонијаВкупно 31 пожар има во земјава, најмногу гори мешана шума

Вкупно 31 пожар има во земјава, најмногу гори мешана шума

- Advertisement -spot_img

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив, два се активни, пет се под контрола, а 24 се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Ѓорче Петров, кај селото Грачани, каде што гори мешана шума, и во Општина Македонски Брод, кај селото Белица, каде што гори нискостеблеста, деградирана и мешана шума. Пожарот кај Грачани е активен и на територијата на Косово.

Дирекцијата за заштита и спасување вчера сподели и видео од воздушна „пијавица“ која се појавила над изгаснатиот дел од теренот кај Грачани.

Под контрола се пожарите во Општина Струга, кај селата Буринец, Локов и Селци, во Општина Сарај, кај селото Копаница, и во Општина Чучер-Сандево, кај селото Брест. Во Кратово и Делчево под контрола се пожарите на градските депонии.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img