домаРегионОбјави за Ратко Младиќ оставија петмина без работа

Објави за Ратко Младиќ оставија петмина без работа

- Advertisement -spot_img

Објави за Ратко Младиќ оставија најмалку петмина без работа или професионален ангажман во Босна и Херцеговина, во деновите по смртта на поранешниот командант на Војската на Република Српска, правосилно осуден за геноцид и други воени злосторства. Меѓу погодените се лекари, актерка, работник во обезбедување и млад фудбалер, иако околностите не се исти во сите случаи.

Хирургот Ѓоко Новаковиќ повеќе не е соработник на Кантоналната болница во Орашје откако објавил црно бела фотографија од Младиќ со гулаб и црно срце. Новаковиќ за Би Би Си изјавил дека не добил класичен отказ, бидејќи работел хонорарно, туку дека соработката била прекината спогодбено.

Лекарка од Домот на здравје во Томиславград добила отказ по дисциплинска постапка поради објавата „Почивај во мир, генерале“. Директорката на установата изјавила дека нема место за величење воени злосторства и постапки што ги навредуваат жртвите и ја нарушуваат довербата на пациентите. Случајот бил пријавен и во полиција.

Продукцијата „Хајп“ ја прекинала соработката со актерката Лидија Вукиќевиќ по нејзината проштална објава за Младиќ. Без работа останал и Миленко Паровиќ од Невесиње, вработен во фирма за обезбедување во Мостар, откако објавил фотографија и порака посветени на осудениот генерал.

Најспорен е случајот со младиот голман Велјко Вучетиќ, со кого Академијата на Фудбалскиот клуб Сараево ја прекинала соработката. Спорната објава не била негова, туку на неговиот татко, кој објавил фотографија од Младиќ со порака на благодарност. Од клубот не ги соопштиле деталите, но навеле дека работат според принципи што го почитуваат историското наследство на Сараево и законските и општествените норми.

Величењето правосилно осудени воени злосторници во БиХ не е само прашање на деловна етика. Измените на Кривичниот закон од 2021 година предвидуваат затворска казна од најмалку три години за величење лице осудено за геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства. Во јуни годинава Судот на БиХ правосилно потврди тригодишна затворска казна за Мiodраг Малиќ токму по оваа законска одредба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img