домаСпортУште една премиерлигашка ѕвезда пристигнува во Трабзонспор

Уште една премиерлигашка ѕвезда пристигнува во Трабзонспор

- Advertisement -spot_img

Трабзонспор продолжува со амбициозната трансфер-политика и е блиску до ангажман на бразилскиот напаѓач Ричарлисон од Тотенхем.

Турскиот клуб веќе постигнал договор со 28-годишниот фудбалер за личните услови, откако му понудил плата трипати поголема од онаа што ја заработува во Лондон.

Тотенхем досега одбил две понуди од Трабзонспор, вредни 15 и 20 милиони фунти, но се очекува Турците да испратат нова, по што трансферот би можел да биде реализиран.

Сепак, Ричарлисон нема да може да настапува во Лигата на конференциите. Рокот за регистрација на играчи за главната фаза истече вчера.

Трабзонспор претходно ги ангажираше и Мохамед Салах и Фабињо, но амбициите на клубот не се намалија ниту по елиминацијата од европските квалификации и лошиот старт во турското првенство.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img