домаРегионЗагина цело семејство од Словенија на одмор во Италија – се случи...

Загина цело семејство од Словенија на одмор во Италија – се случи експлозија додека подготвуваа вечера

- Advertisement -spot_img

Семејниот одмор на семејството Јамник од Словенија се претвори во трагедија. Додека Петра Јамник Коболт подготвувала вечера во апартман во Италија, одекнала силна експлозија, проследена со пожар.

Како последица на тоа, неколку дена подоцна таа и нејзиниот сопруг Изидор починале од изгореници, а сега на повредите подлегна и нивната ќерка Ема (10).

Семејството од градот Котље замина на одмор во Калабрија, на пат долг околу 1.500 километри.

Во вторникот, на 25 август, околу 20:30 часот, тие се наоѓале во туристички апартман во градот Милето и се подготвувале за вечера кога одекнала силна експлозија. Просторијата била зафатена од пламен и се создал густ чад. Според првичните информации, веројатната причина било истекување на гас, пишува весникот „Словенске новице“.

Сите тројца членови на семејството се здобиле со исклучително тешки изгореници. На помош им притекнале двајца карабињери кои биле стационирани во истата зграда. Тие им помогнале да излезат од запалениот апартман до базенот, а потоа со хеликоптер биле пренесени во специјализирани болници за третман на тешки изгореници.

Изидор бил пренесен во Палермо, но починал од повредите на 27 август. Неговата сопруга Петра, која се здобила со изгореници од втор и трет степен на околу 90 проценти од површината на телото, починала неколку дена подоцна.

Ема цело време била хоспитализирана во Бари, каде што лекарите се бореле за нејзиниот живот, но не издржа ниту таа.

Истрагата за овој настан сè уште трае, истражителите ја запечатиле зградата, а обвинителството покренало кривична истрага.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img