домаСпортПред неполни 20 години, со парите дадени за Енцо Фернандес, беа купени...

Пред неполни 20 години, со парите дадени за Енцо Фернандес, беа купени Кристијано Роналдо, Роналдињо и Арјан Робен

- Advertisement -spot_img

Во последниот ден од летниот преоден рок се случи и најголемиот трансфер. Енцо Фернандес за сума од 145 милиони евра од Челзи замина во Манчестер сити. Ова е третиот најголем трансфер во историјата на фудбалот.

Со овој трансфер само се потврдува колку неверојатно се зголемија сумите за трансферите. Не треба да се вратиме многу оддамна, во 2009 година се случија неколку големи трансфери, чии суми ако се соберат, ќе вредат колку сегашниот трансфер на Енцо од Челзи во Манчестер сити.

Летото во 2009 година се случи еден од најголемите трансфери кои ја променија историјата на фудбалот. Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед замина во Реал Мадрид, за тогашни рекордни 94 милиони евра. Во исто време кога Роналдо дојде во Реал, од Кралскиот клуб си замина Арјан Робен. Холандскиот репрезентативец потпиша за Баерн Минхен за сума од 25 милиони евра.

Третиот голем трансфер тоа лето во 2008 година. Бразилецот Роналдињо од Барселона направи трансфер во Милан. Сумата на овој трансфер беше 24 милиони евра.

Тоа значи дека трансферите на Кристијано Роналдо, на Роналдињо и на Арјан Робен вкупно вредат 143 милиони евра, односно два милиони помалку од тоа што синоќа плати Манчестер сити за доведување на Енцо Фернандес од Челзи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img