Делови од три скопски општини денеска, 2 септември, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат од ЕВН Македонија.
Од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Битпазарска“, во околината на хотелот „АЕН“, во Општина Чаир.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот прекин во снабдувањето ќе има за дел од корисниците од улицата „Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Општина Ѓорче Петров.
Од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од улиците „Герман“ и „Железничка“ во Општина Центар.






