домаМакедонијаДвајца браќа го извршиле насилството во Чаир по кое едно дете се...

Двајца браќа го извршиле насилството во Чаир по кое едно дете се бори за живот – се бара притвор за полнолетниот брат

- Advertisement -spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Според Обвинителството, осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност извршиле насилство врз едно дете и полнолетно лице и им нанеле тешки телесни повреди со убоди од нож. Полесно е повредено уште едно дете.

Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник.

Телма претходно објави дека крвавата тепачка се случила на улицата „Македонско-косовска бригада“ на територија на Чаир. Еден од малолетниците, роден во 2012 година, признал дека користел нож.

Малолетникот кој е избоден во срцето е во исклучително тешка здравствена состојба.

„Детето е оперирано вчера меѓутоа има директен убод во срцето, сега е на интензивна нега и е во критична состојба. Нашите мисли се со него ама сега е веќе надвор од тоа што медицината може во моментот да направи“, рече министерот за здравство Сашо Клековски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img