домаМакедонијаМуцунски-Берсе: разговарано за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и...

Муцунски-Берсе: разговарано за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и за актуелните геополитички предизвици

- Advertisement -spot_img

На маргините на Бледскиот стратешки форум 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.

На средбата, Муцунски ја потврди посветеноста кон принципите и обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и другите релевантни правни инструменти. Во тој контекст, ја нагласи важноста од почитувањето и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Соговорниците разговараа и за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и за актуелните геополитички предизвици, со посебен акцент на војната во Украина, поддршката и солидарноста со Украина и значајната улога на Советот на Европа во тој контекст.

На средбата беше изразено и очекување конструктивната соработка дополнително да се продлабочи во пресрет на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img