фото: Messias @Messias30_ (X)
Лионел Меси, и покрај одлуката да се повлече од аргентинската репрезентација, нема намера веднаш да стави крај на професионалната кариера. Според „Марка“, 39-годишниот Аргентинец планира да продолжи да игра за Интер Мајами, со кој има договор до крајот на 2028 година.
Меси би можел да остане во клубот до својата 41. година, што би значело дека Интер Мајами ќе биде последниот клуб во неговата блескава кариера. Аргентинецот сака последните сезони да ги помине во САД, каде што ужива голема популарност и има значајна улога во развојот на фудбалот.
Повлекувањето од националниот тим, сепак, повторно ги отвори прашањата за неговата иднина. Меси постепено се подготвува за животот по фудбалот, а според „Марка“, сè почесто размислува како ќе изгледа периодот кога конечно ќе ги обеси копачките.
Во репрезентативниот дрес Меси освои Светско првенство, две Копа Америка и Финалисима. Со 207 настапи и 125 голови е убедливо најдобриот стрелец во историјата на Аргентина.
Меси воедно има освоено осум „Златни топки“, а доколку Интер Мајами успее да стигне до нови трофеи, тој би можел да ја заврши кариерата со уште неколку големи достигнувања.
Во Интер Мајами, каде што настапува од 2023 година, Аргентинецот продолжува да биде лидер на тимот и една од најголемите ѕвезди во американскиот фудбал. Сè укажува дека Флорида би можела да биде неговата последна фудбалска адреса.






