На социјалната мрежа „Х“, твитерџијата со псевдоним „Талогот на општеството“ сподели кратко видео од непријатното искуство кое го доживеал британски турист при патување со автобус од Скопје до Охрид.
Имено, на видеото кое е превземено од „story“ објавите на туристот на 24 август, може да се забележи како туристот се жали дека капе тешност на повеќе делови од автобусот, најверојатно од климите.
„Како да се поместам кога автобусот е полн? Плус, тече и на повеќе други места“, вели туристот во краткото видео.
Твитерџијата пак, во натпис на објавата вели дека го „изело туѓ срам“ од видеото.
На социјалната мрежа, дел од твитерџиите ги коментираа превозите и превозниците и кон другите градови во Македонија. Ваквите сцени отвораат сериозни прашања за условите во кои патуваат голем дел од македонските граѓани, но и за сликата која што се остава пред туристите.






