домаМакедонијаНевропсихијатар за однесувањето на обвинетиот сериски убиец: Глуми лудило

Невропсихијатар за однесувањето на обвинетиот сериски убиец: Глуми лудило

- Advertisement -spot_img

Продолжи судскиот процес во Куманово против 25-годишниот Трајче Бојковски, обвинетиот за четири убиства и два обида за убиство.

Неговото однесување на првото рочиште предизвика внимание, а невропсихијатарот Мице Дудучки, коментирајќи го однесувањето на обвинетиот, кој се смеел и гледал во таванот, оцени дека станува збор за однесување што може да се поврзе со таканаречениот Ганзеров синдром.

„Се работи за личност која во просториите на судот покажува псевдодементно однесување, а ние психијатрите тоа го нарекуваме Ганзеров синдром, односно глумење лудило, со цел – ‘не се сеќавам’“, изјави Дудучки.

Во постапката на обвинетиот му е назначен адвокат по службена должност, откако адвокатот што претходно го застапувал го откажал полномошното бидејќи обвинетиот, спротивно на неговиот совет, не признал вина.

Дудучки нагласува дека евентуалното постоење психопатологија само по себе не значи дека лицето е непресметливо.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img