домаМакедонијаОтворен Центар за дневен престој на стари лица

Отворен Центар за дневен престој на стари лица

- Advertisement -spot_img

Во Гевгелија e отворен Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење.

Со воспоставување на центарот ќе се обезбедува достапна, квалитетна и континуирана социјална услуга во заедницата, наменета за лица над 65 години, особено за оние што живеат сами или со брачен партнер, за оние што се изложени на ризик од осаменост и социјална изолација или имаат потреба од дневна поддршка, дружење и активен начин на живот.

Центарот располага со целосно опремен и функционален простор, со простории за дружење, одмор и групни активности, целосно опремена кујна, како и со услови за безбедно движење на корисниците. Во рамките на Центарот ќе се реализираат социјални, културни едукативни, креативни, рекреативни и здравствено-превентивни активности, со цел подобрување на квалитетот на животот, одржување на функционалноста, поттикнување на активното стареење и поголема вклученост на повозрасните лица во локалната заедница.

– Нашата цел е социјалните услуги да бидат што поблиску до граѓаните и да создадеме услови секој човек, без оглед на возраста, да има можност за достоинствен, активен и квалитетен живот. Центрите од ваков тип се важни затоа што не нудат само дневен престој туку создаваат простор за дружење, активности, поддршка и повторно поврзување со заедницата – истакна министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Центарот има капацитет за 50 корисници, а ќе работи пет дена во неделата. Активностите ќе се организираат согласно со индивидуалните потреби, можности и интереси на корисниците.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img