Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово.
Постои можност невремето да зафати и делови од Куманово. На граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и, доколку можат, да избегнуваат движење и престој на отворено за време на невремето.






