домаМакедонијаДенеска 13 прегледи во педијатриското одделение во Тетово, нема хоспитализирани деца

Денеска 13 прегледи во педијатриското одделение во Тетово, нема хоспитализирани деца

- Advertisement -spot_img

Директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези информира дека денеска, од 7 до 14 часот во Педијатриското одделение имало 13 прегледи на деца, а ниту едно од нив не било задржано на болничко лекување.

Тој вели дека бројките од 139 случаи од кои 12 биле задржани на болничко лекување, објавена во дел од медиумите се однесуваат на 48 часа во текот на изминативе денови од работната недела.

-Може е голема бројка за два дена, но како за летен период нема голема разлика во споредба со минатата година. Овие 139 прегледи и 12 хоспитализации се за деца кои сепак имаат различни симптоми. Некои имаат здравствени проблеми со дишните патишта, некои со дигестивниот систем, но во споредба со минатата година нема драстично зголемување. Ова е нормално за евиденција на заболени во Педијатриското одделение со оглед на сезонски вирусни и бактериски инфекции, вели д-р Ерзен Елези, директор на Клиничка болница Тетово.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img