Сообраќајна незгода се случила утрово околу 8 часот на железничкиот премин во населбата Превалец, Велес, каде патнички автомобил „ауди“ бил удрен од воз.
Според неофицијалните информации, автомобилот бил со велешки регистарски таблички, а во него се наоѓало само едно лице. Станува збор за лице од велешкото село Бањица.
Засега нема официјални информации за здравствената состојба на возачот, ниту за причините поради кои дошло до судирот.
Надлежните служби треба да ги утврдат сите околности околу денешната незгода. Се очекуваат повеќе детали од МВР.






