Четириесет и осумгодишен жител на охридското село Лескоец загина откако паднал од бандера додека извршувал работни задачи во селото Елшани.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера во 14:40 часот во СВР Охрид. Загинатиот Н.К. бил вработен во телекомуникациска компанија и во моментот на несреќата извршувал службени задачи.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но лекар можел само да констатира смрт.
Увид извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно утврдување на околностите под кои се случила трагедијата.






