домаМакедонијаРодителите носеле појаси а децата не – словенечките медиуми со реконструкција на...

Родителите носеле појаси а децата не – словенечките медиуми со реконструкција на сообраќајката

- Advertisement -spot_img

Нови детали се објавени за тешката сообраќајна несреќа на приморскиот автопат во Словенија, во која загинаа тројца македонски државјани. Жртвите се 74-годишна жена и нејзините две внучиња – четиригодишно девојче и 11-годишно момче.

Како што пишува Дневник, во автомобилот биле пет членови на едно семејство, сите македонски државјани кои живееле во Италија.

Со автомобилот „ауди А4“ со италијански регистарски таблички управувал 39-годишен маж. Со него патувале неговата 33-годишна сопруга, неговата 74-годишна мајка и нивните две деца – четиригодишна ќерка и 11-годишен син.

Според новата полициска реконструкција, 64-годишен државјанин на Босна и Херцеговина поради дефект го запрел камионот во лентата за запирање. Во моментот на несреќата тој се наоѓал во кабината и не бил повреден.

„Ауди“-то најпрво ја закачило заштитната ограда, а потоа силно удрило во задниот лев дел од приколката на камионот, објавува 24ur.

Од силината на ударот, 74-годишната жена и двете деца починале на самото место.

33-годишната сопруга на возачот била пренесена со хеликоптер во болница. Според Дневник, таа се здобила со полесни повреди. Во болница бил однесен и 39-годишниот возач.

Словенечките медиуми објавуваат и дека возачот и неговата сопруга користеле сигурносни појаси, додека двете деца кои седеле на задните седишта не биле врзани. Засега не е утврдено колку оваа околност влијаела врз последиците од несреќата.

Возачот бил тестиран за присуство на алкохол и дроги, а двата теста биле негативни.

Истрагата треба да утврди зошто автомобилот најпрво удрил во заштитната ограда, со каква брзина се движел и што точно довело до загубата на контрола над возилото.

На местото на трагедијата биле полициски екипи, пожарникари, истражна судијка и државна обвинителка. Поради увидот автопатот кон Копер бил затворен повеќе часа.

Како што пренесува 24ur, по завршувањето на истрагата против 39-годишниот возач се очекува кривична пријава за предизвикување сообраќајна несреќа од небрежност.

И покрај новите информации за возраста и семејната поврзаност на жртвите, нивните имиња засега не се објавени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img