Четири лица се лишени од слобода во Скопје откако кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Од СВР Скопје информираат дека во текот на ноќта на 26 и 27 август, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.И. (29), А.Л. (44) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Б.Б.(35).
Кај лицата била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.






