домаМакедонијаПожарот кај Тетово започна од детска игра, ќе изгореа куќи

Пожарот кај Тетово започна од детска игра, ќе изгореа куќи

- Advertisement -spot_img

Претпладнево избувна пожар над православните гробишта во Тетово, и истиот претставуваше опасност по околните куќи, но беше ставен под целосна контрола благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и полицискиот хеликоптер,

Ова денеска го изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Според него, пожарот избувна околу 11 часот меѓу неколку куќи, по што огнот се проширил кон блиската шума во насока на тетовското кале.

„Избегната е голема катастрофа. Овој пожар имал потенцијал да направи голема беља затоа што наоколу има многу куќи, а и многу населени, од она што можам да го видам“, изјави Ангелов.

Според изјава на жител од околните куќи, пожарот избувнал за време на детска игра, кога наеднаш се појавила искра, по што огнот брзо се проширил и зафатил сунѓери во близина.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img