Претстојниот викенд на програмата се сите мечеви од 3.коло во ВМФЛ. Откако нашата У-20 репрезентација под водство на селекторот Александар Тамевски имаше очаен настап на Медитеранските Игри во Таранто, сега веќе нема потреба од одложување на натпревари како што беше во минатото коло.
Четири меча се играат во сабота (29 август), а три во недела (20 август). Само во Струмица мечот меѓу Беласица и Детонит се игра под светлоста на рефлекторите или во вечерен термин, додека сите останати од 16.45 часот.
Дербито се игра во Ѓорче, каде Македонија ЃП ќе го пречека составот на Пелистер.
РАСПОРЕД ЗА 2.КОЛО
САБОТА:
Струмица: Брера – Камјани (16.45 ч)
Скопје: Македонија ЃП – Пелистер (16.45 ч)
Скопје: Работнички – Еуромилк (16.45 ч)
Кочани: Осогово – Новаци (16.45 ч)
НЕДЕЛА:
Скопје: Шкупи – Тетекс (16.45 ч)
Охрид: Охрид – Кожув (16.45 ч)
Струмица: Беласица – Детонит (20 ч)






