„На 1 септември не’ очекува сигурно еден од најголемите музички проекти во историјата на Македонија!
Задоволство ни е да најавиме дека на овој историски настан се придружува и македонската легенда Маја Оџаклиевска!
Па така, Маја Оџаклиевска, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски како македонски дрим тим, заедно со големиот José Carreras гарантираат спектакл кој ќе ги обедини сите генерации во чест на еден од најзначајните датуми во Македонија, на 1 септември на Градскиот плоштад во Скопје!
Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија“, најавија од „Авалон на нивната страна на Фејсбук.
https://www.facebook.com/share/p/1HLgMTg7jK
Фото: Принтскрин/Facebook






