домаМакедонијаЕдно од десет деца во Македонија, на возраст од 12 до 17...

Едно од десет деца во Македонија, на возраст од 12 до 17 години, биле изложени на сексуална злоупотреба во дигиталниот свет

- Advertisement -spot_img

Едно од десет деца во Македонија на возраст од 12 до 17 години биле изложени на сексуална злоупотреба и експлоатација олеснето преку технологијата, покажа истражувањето „Disrupting Harm“, кое е повеќегодишна програма финансирана од Safe Online, а спроведена од ECPAT International, INTERPOL и Канцеларијата за истражување и предвидување на УНИЦЕФ – Innocenti, во партнерство со национални институции и организации.

Претставничката на УНИЦЕФ во Македонија Лесли Милер на денешната презентација на податоците од истражувањето рече извештајот ги содржи гласовите и пријавените случаи на децата, податоци од домаќинствата, од професионалците кои работат во заштита на децата, во образованието, полицијата и во правда.

– Во годината што е набљудувана, едно од десет деца од 12 до 17 години имале искуство со технолошки поддржна сексуална експлоатација, еквивалентно на 12 илјади деца во целата земја. Скоро половината доживеале повеќе од една форма на злоупотреба, а а 88% се довериле на некој свој близок родител, пријател. Но, само еден процент ја пријавиле злоупотребата кај надлежните. Момчињата и девојчињата се еднакво злоупотребени и во повеќе случаи, злоупотребувачот е некој кој му е познат на детето, пријател, интимен партнер, познаник или член на семејството, рече Милер.

Таа појасни дека истражувањето е имплементирано во 25 земји низ цел свет и дека е глобална иницијатива која е уникатна по својата вредност. Милер рече дека ова истражување им помага не само да разберат што им се случува на децата, туку каде системот потфрла и каде треба да се зајакне.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img