домаСпортБрегалница го врати штипскиот бисер, Иван Николов повторно дома

Брегалница го врати штипскиот бисер, Иван Николов повторно дома

- Advertisement -spot_img

ФК Брегалница Штип продолжува да го гради тимот со играчи кои го носат штипскиот фудбалски печат. Ново име во сино-белиот состав е Иван Николов, кој повторно се враќа во својот матичен клуб.
„Добредојде дома“, порачаа од Брегалница, официјализирајќи го трансферот на 24-годишниот Николов.
Николов е роден 2002 година во Штип, а своите први фудбалски чекори ги направил токму во младинските категории на Брегалница. Во кариерата има настапувано и за Вардар и АП Брера, а во 2022 година за првпат го облекол дресот на сениорскиот тим на Брегалница.
Потоа следуваше интернационално искуство во Данска, каде што настапуваше за Сондерјиске и Венсјусел, а во изминатиот период беше дел и од босанскиот Радник Бијељина.
Николов игра на позицијата централен играч за врска, а може да одговори и на задачите во офанзивниот дел од средниот ред. Висок е 1,80 метри и е десноног фудбалер.
Со неговото враќање, Брегалница добива играч со интернационално искуство, но пред сè – свој човек, роден штипјанец и фудбалер кој добро го знае клубот и средината.
„Го враќаме штипскиот идентитет на Брегалница. Повторно горда“, порача градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
Со Николов во составот, амбициите на Брегалница добиваат уште една димензија, а штипската публика повторно ќе има можност да гледа еден од своите фудбалери во сино-белиот дрес.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img