Во пожар кој избувнал вчера во селото Гујновци кај Пробиштип, изгореле куќа и помошна просторија, информира МВР.
„На 24.08.2026 во 12:33 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека настанал пожар во с.Гујновци, пробиштипско. Од пожарот била зафтена и изгорена една куќа и помошна просторија кај с.Гујновци, сопственост на З.С. од Штип. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип. Извршен бил увид“, велат од полицијата.






