Овој викенд граѓаните во Македонија ќе имаат две причини за одмор – започнува зимското сметање на времето, а петок, 23 октомври, е неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба.
Стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври. Во 3 часот по полноќ времето ќе се врати на 2 часот, што значи еден час подолго спиење.
Празникот 23 Октомври паѓа во петок, па за граѓаните кои не работат за викенд следуваат три слободни дена – петок, сабота и недела.
Зимското сметање на времето ќе трае до 28 март 2027 година, кога повторно ќе започне летното сметање на времето.






