„Парчињата облека со XXL големина ги тргнав, а од плакарот повторно ги извадив старите S и M кои со години чекаа на мене. Јас денес повторно ги облекувам моите штикли со насмевка. Но најголемата победа не е бројката на вагата, туку што повторно се чувствувам како јас“, вели Мери Николова Буџаку и ги инспирира жените, особено оние 50+.
Koга се сака, се може… Тоа го докажа и Мери Николова Буџаку, сопруга на амбасадорот на Македонија во Канада, Агрон Буџаку, која драстично ослабе и повторно може да носи високи потпетици, како и омилените парчиња облека.
Таа на својот Фејсбук профил ја сподели приказната за да ги инспирира и другите жени.
Нејзиното искуство:
„Повеќе од пет години борба со килограмите. Од 100kg до 64kg. Не беше лесно, но кога човек е упорен и не се откажува, резултатот на крајот се гледа.
Пет години борба, падови и повторни почетоци, но никогаш откажување. Денес сум доказ дека упорноста навистина може да го промени животот.
По операцијата на кичмата и со вишокот килограми, имаше период кога ми беше тешко дури и во ниски обувки да одам. Штиклите, кои некогаш толку ги сакав, со години стоеја заборавени.
Денес повторно се движам полесно, полесно дишам и повторно ги вратив штиклите во мојот живот.
Парчињата облека со XXL големина ги тргнав, а од плакарот повторно ги извадив старите S и M кои со години чекаа на мене.
Тоа за мене не е само промена на конфекциски број. Тоа е чувство дека повторно си враќам дел од себе.
Ова не го објавувам за да покажам совршенство. Го споделувам за сите жени 50+, особено за оние кои поминуваат низ менопауза, хормонални промени и борба со килограмите.
Знам колку лесно може да се изгуби надежта и да се помисли дека веќе е доцна нешто да се промени.
Не е доцна.
meri-nikolova-budjaku-od-100-kilogrami-do-64kg-po-povekje-od-5-godini-borba-xxl-povtorno-gi-zameniv-od-s-i-m-03_copy_copy.jpg
Секоја жена заслужува повторно да се чувствува убаво, женствено, лесно и задоволно во своето тело.
Не мора промената да дојде преку ноќ. Важно е да почнеме, да бидеме упорни и да не се откажуваме од себе.
Јас денес повторно ги облекувам моите штикли со насмевка. Но најголемата победа не е бројката на вагата, ниту големината на облеката. Најголемата победа е што повторно се чувствувам како јас.
Ако мојата приказна и даде барем малку сила и надеж на една жена да продолжи да се бори за себе, тогаш вредеше да ја споделам“.






