домаМакедонијаКавадаречката депонија се уште гори – пожарникарите се обидуваат целосно да го...

Кавадаречката депонија се уште гори – пожарникарите се обидуваат целосно да го локализираат огнот

- Advertisement -spot_img

Кавадаречката депонија се уште гори, ППР од Кавадарци и екипите на Дирекцијата за заштита и спасување се обидуваат целосно да го локализираат огнот.

„Пожарникарите цело попладне истураат тони вода врз опожарената површина. За поголем ефект, ангажирани се и два БТР-а на ДЗС, чии водени топови со домет од околу 100 метри континуирано делуваат врз жариштето. Иако пожарот е делумно изгаснат, во внатрешноста на депонијата сè уште има спречено сагорување од кое се создава чад. Бидејќи гаснењето само со вода не ги дава посакуваните резултати, започнат е процес на постепено затрупување на депонијата со земја“, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Заштитени се околните лозови насади, а ветерот во моментов го дува чадот во спротивна насока од Кавадарци.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img