домаМакедонијаЗошто сè уште се разгорува омразата меѓу Софија и Скопје!

Зошто сè уште се разгорува омразата меѓу Софија и Скопје!

- Advertisement -spot_img

Скопје, 24 август – Во време кога дипломатските напори прават сè за да се реши проблемот меѓу Бугарија и Северна Македонија, за да освои некој политички поен, бугарската претседателка Илијана Јотова фрла уште повеќе бензин на „огнот“ што гори меѓу двете земји. Политичарите треба да бидат одговорни за тоа што го зборуваат и кога го зборуваат. Помина времето на изборните кампањи, сега е време двете страни да ги засукаат ракавите и, смирено и со ладна глава, да најдат заедничко решение прифатливо за двете страни, пишува „Журнал.мк“.

Јотова со апел до Бугарите: Ние нема да се откажеме од вас!

Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Република Северна Македонија и ќе продолжи да ги брани нивните права, изјави бугарската претседателка Илијана Јотова. Медиумите во земјата известија дека Јотова тоа го кажала вчера во Петрова Нива, каде што присуствувала на одбележувањето на 123-годишнината од таканареченото Илинденско-Преображенско востание.

Таа изјави дека заедничката историја меѓу Бугарија и Северна Македонија не треба да биде причина за поделби.

Иако бугарската претседателка нагласува дека и политичарите и општеството треба да се спротивстават на говорот на омраза, сепак продолжува да вели дека Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија и ќе ги брани нивните права.

„Ова не е политичка изјава. За мене, тоа е вистински омаж на заветот на илинденскиот народ, кој знаеше дека само со единство можеме да имаме слобода, државност и слобода за секој човек“, изјави Јотова, пишува „Журнал.мк“.

Нема олеснување на блокадата кон ЕУ

Бугарија инсистира на вклучување на Бугарите како малцинство во Уставот на Северна Македонија, услов кој беше вклучен и во Преговарачката рамка за пристапување на Македонија во Европската Унија. Земјата бара и заедничко толкување на историските личности и настани, особено од периодот пред и за време на Втората светска војна.

Но, Јотова не понуди никаква нова иницијатива за смирување на тензиите. Таа само го потврди тврдиот став на Софија, со кој Северна Македонија се држи блокирана на патот кон ЕУ. Уставните измени остануваат главен услов за кој воопшто не се преговара.

Според неа, историското сеќавање треба да им се пренесува на идните генерации. Сепак, зад овие навидум добронамерни зборови стои јасната намера да се зачува политичката блокада кон Скопје. Бугарија продолжува да го користи правото на вето како главен инструмент за уцена, пишува „Журнал.мк“.

Политичарите да не ја разгоруваат омразата!

Затегнатата реторика и националистичките изјави меѓу Бугарија и Северна Македонија сериозно го нарушуваат процесот на европска интеграција и регионалната стабилност. Политичарите во двете земји треба да ги намалат тензиите, да избегнуваат поттикнување омраза и да му дадат предност на конструктивниот дијалог за нерешените прашања.

Политичките судири го држат блокиран патот на Северна Македонија кон Европската Унија, ги одложуваат реформите и продолжуваат да ги разочаруваат граѓаните. Острите изјави разгоруваат меѓуетнички тензии и недоразбирања меѓу општествата, додека секојдневната реторика за внатрешнополитички цели ги уништува добрососедството и регионалната соработка.

Главниот фокус треба да биде ставен на дипломатијата и спроведувањето на постојните договори, наместо на провокативни зборови. Одржливото решение бара искрена посветеност и прагматични отстапки од Скопје и Софија, оставајќи ги настрана тесните изборни интереси. Двете страни треба да изградат мост на соработка заснован на европските стандарди и меѓусебното почитување, пишува „Журнал.мк“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img