Четириест и тригодишна кумановка вчера пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат.
– На 23.08.2026 во 18:55 часот во СВР Куманово, Р.А.(43) од Куманово, пријавила дека околу 16:20 часот во Куманово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од А.З. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.






