Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга бележи подобрување на финансиските показатели во првите шест месеци од 2026 година.
Директорот на претпријатието, Јованчо Мечкароски, го објави полугодишниот извештај за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2026 година, во кој се евидентира зголемување на приходите и намалување на загубата.
Според објавените податоци, приходите се зголемени за 5.901.324 денари, додека загубата е намалена за 2.815.000 денари.
Дополнително, приходите од извршени услуги се зголемени за 4.098.886 денари.
Мечкароски преку објавениот извештај ги презентира резултатите од работењето на претпријатието во првата половина од 2026 година, при што како еден од позитивните показатели се наведува и намалувањето на загубите на вода.






