домаМакедонијаСилно невреме ја погоди Австрија, на прагот е пред Балканот

Силно невреме ја погоди Австрија, на прагот е пред Балканот

- Advertisement -spot_img

Силно невреме во четвртокот ги погоди Словенија и Австрија, при што едно лице загина од удар на гром во близина на Целје, а во повеќе области беа пријавени поплави и сериозна материјална штета.

Полицијата во Целје соопшти дека гром погодил две лица кои стоеле под дрво во областа Жалец. 46-годишен маж починал на местото на несреќата, додека другото лице било пренесено во болница со полесни повреди.

Во централна Словенија, поројниот дожд предизвикал поплавување на подруми, оштетување на покриви и соборување на дрвја. Во Подолшева, пак, гром предизвикал пожар во помошна зграда.

Според Информативниот центар на словенечката Дирекција за цивилна заштита и спасување, службите извршиле 51 интервенција, најмногу во подрачјата на Љубљана, Целје, Крањ, Трбовље и Копер. Метеоролозите предупредија дека обилните врнежи ќе продолжат и во петок, поради што за целата земја беше издадено портокалово предупредување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img