домаМакедонијаДо 18 чаcот гореле 14 пожари низ Македонија: Активни се осум, еден...

До 18 чаcот гореле 14 пожари низ Македонија: Активни се осум, еден е под контрола

- Advertisement -spot_img

На ден 21.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 1 е под контрола, а 5 се изгаснати.

Активни пожари – 8:
Општина Прилеп: село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река – ниска вегетација.
Општина Студеничани: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер – мешана шума.
Општина Македонски Брод: месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица – ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Општина Кичево: село Тајмиште, месност Дарда – високостеблеста букова шума.
Општина Липково: село Никуштак – ниска вегетација и шума.
Општина Крушево: село Белушино – реактивиран пожар, со крак кон село Јакреново, каде што пожарот е под контрола – ниска вегетација и дабова шума.
Општина Куманово: село Лопате – ниска вегетација.
Општина Врапчиште: село Ломница – мешана шума.

Пожар под контрола – 1:
Општина Делчево: депонијата во Делчево.

Изгаснати пожари – 5:
Општина Гостивар: село Форино – ниска вегетација.
Општина Желино: село Церово – ниска вегетација и папрат.
Општина Могила: село Мусинци – ниска вегетација.
Општина Кавадарци: село Марена – ниска вегетација.
Општина Ресен: село Златари – депонија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img