Анализите на водата од водоводот на Демир Капија, земени во понеделникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, како и анализата доставена во Институтот за јавно здравје, покажуваат дека водата е исправна за пиење.
Сепак, забраната за пиење издадена од АХВ сè уште е во сила, до добивањето на третата анализа и официјалното укинување на забраната од страна на надлежната институција.






