домаМакедонијаСиљановска-Давкова со чешкиот министер Мацинка: Местото на Македонија е во ЕУ

Сиљановска-Давкова со чешкиот министер Мацинка: Местото на Македонија е во ЕУ

- Advertisement -spot_img

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.

На средбата, како што информира Сиљановска-Давкова, било констатирано дека односите меѓу Македонија и Чешка се карактеризираат со традиционално пријателство, меѓусебна почит и разбирање.

Соговорниците се осврнале и на заедничкото културно и историско наследство, при што посебно било истакнато делото на просветителите Свети Кирил и Методиј, како важна поврзувачка и обединувачка вредност за двата народа.

Во фокусот на разговорот бил европскиот пат на Македонија и на земјите од Западен Балкан. Сиљановска-Давкова посочила дека долгогодишниот кандидатски статус на земјата за членство во Европската Унија не е резултат на неусогласеност со европското право и практика, туку, според неа, на блокади од страна на одделни соседи поради прашања од идентитетски карактер.

„Дводеценискиот кандидатски статус за членство во ЕУ не произлегува од неусогласеноста со европското право и практика, туку од блокадите на некои соседи од ирационален идентитетски карактер“, навела претседателката.

Чешкиот министер Мацинка, пак, ја потврдил оценката дека местото на Македонија е во Европската Унија.

Според него, на Чешката Република ѝ се потребни сојузници со слично минато, менталитет и култура.

Средбата во Охрид доаѓа во знак на продолжување на блиските политички и пријателски односи меѓу двете земји, со посебен акцент на европската перспектива на Македонија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img