Вчера во скопското село Батинци, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.С.(57), С.С.(22), М.С.(22), Р.С.(23), Н.С.(48), И.М.(41), Д.М.(21) и двајца малолетници, сите од Батинци.
Како што се наведува во полицискиот билтен, деветте соселани биле приведени постапувајќи по претходна пријава дека меѓусебно едни кон други фрлале камења, при што било оштетено и полициско возило.
По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.






