Уште еден пациент почина од западнонилска треска, со што бројот на смртни случаи во земјава се зголеми на четири.
Станува збор за 76-годишен пациент кој бил хоспитализиран 27 дена на Клиниката за инфективни болести. Тој бил донесен во исклучително тешка состојба со невроинвазивна форма на болеста. Кај пациентот бил потврден вирусот „West Nile“, а имал и други придружни заболувања.
Досега вирусот е потврден кај 35 пациенти во земјава, додека за неколку случаи сè уште се очекуваат резултатите од испитувањата.






