домаСветИстече рокот за договор меѓу САД и Иран: Техеран се подготвува за...

Истече рокот за договор меѓу САД и Иран: Техеран се подготвува за поширок конфликт

- Advertisement -spot_img

Рокот од 60 дена предвиден со меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран истече ноќеска без постигнување конечен договор за прекин на војната. Во меѓувреме, според „Волстрит џурнал“, има сè повеќе индикации дека Иранскиот режим периодот на преговори го искористил за зајакнување на своите воени и безбедносни капацитети.

Според американскиот весник, тврдокорните сили во Техеран на договорот гледале како на можност да се намали притисокот врз Иран и да се добие време за подготовка, наместо како на траен пат кон мир.

Во изминатите два месеца, Иран наводно ги зголемил овластувањата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, поставил искусни воени кадри на клучни позиции, ги проширил контраразузнавачките операции и го забрзал производството на ракети и беспилотни летала.

Особено внимание било посветено и на Ормускиот Теснец, како и на проширување на потенцијалното бојно поле кон Црвеното Море. Тоа предизвикува загриженост кај земјите од Заливот, кои стравуваат од нова регионална ескалација.

Арапските разузнавачки служби, според извештајот, собрале комуникации меѓу Иран и неговите сојузнички милиции во Јемен и Ирак, кои укажуваат дека Техеран се подготвува за можен поширок конфликт и сака да ги зголеми трошоците за САД и нивните сојузници.

Во иранското раководство сè почесто се зборува и за можни „офанзивни операции на непријателска територија“, што дополнително ги вознемирува земјите од регионот.

Иранскиот аналитичар Мохамед Хасан Сангтараш изјави дека во земјата е широко распространето мислењето оти „главната војна сè уште не е започната“.

Според него, Иран случувањата ги гледа низ тактиката на постепена ескалација, односно постепено ослабување на противникот пред евентуален голем конфликт.

Истекувањето на рокот за постигнување договор без конкретен напредок сега дополнително ги зголемува стравувањата дека дипломатскиот процес може да биде заменет со нова фаза на воена ескалација меѓу Вашингтон, Техеран и нивните сојузници во регионот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img