домаМакедонијаНово поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

- Advertisement -spot_img

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Од 18 август во 00:01 часот, Еуросупер БС-95 ќе се продава по максимална цена од 91,50 денари за литар, што е зголемување од 4,50 денари.

Еуросупер БС-98 поскапува за исто толку и ќе чини 93,50 денари за литар.

Најголемо е поскапувањето на Еуродизелот, чија цена се зголемува за 6,50 денари и достигнува 98 денари за литар.

Екстра лесното масло поскапува за шест денари и ќе чини 98,50 денари за литар, додека мазутот ќе се продава по 43,726 денари за килограм.

Според РКЕ, причина за новото поскапување е растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, цените на бензините пораснале за 8,983 отсто, на дизелот за 10,979 отсто, а на екстра лесното масло за 9,801 отсто.

РКЕ продолжува да ја применува намалената акциза од два денари за литар кај бензините и четири денари за литар кај дизелот.

Новите цени се максимални, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img