домаШоубизМАДОНА ПО ДУХОВНИ СОВЕТИ ОД МОНАСИТЕ НА МЕТЕОРИ

МАДОНА ПО ДУХОВНИ СОВЕТИ ОД МОНАСИТЕ НА МЕТЕОРИ

- Advertisement -spot_img

Мадона во петокот пристигна на Метеори од Крф, каде што престојува на одмор, во друштво на својот син и уште околу 12 лица, а според информациите на грчките медиуми, групата пристигнала со два хеликоптери, јавува Прототема.

Во манастирот Варлам, кој во времето на нејзината посета веќе бил затворен за јавноста, Мадона била пречекана од монасите, кои специјално го отвориле комплексот за нејзиниот престој. Пејачката на Метеори поминала околу три часа, од 16 до 19 часот по локално време, а манастирот го обиколила во придружба на двајца водичи. Според наводите на грчките медиуми, Мадона била многу срдечна, но се трудела нејзината посета да помине дискретно и без големо внимание од јавноста.

На фотографиите од посетата се гледа дека е облечена во бело.

Посебен дел од посетата бил средбата со игуменот на манастирот Варлам, отец Бенедикт, која, според наводите на еден од монасите, имала изразено личен и духовен карактер.

За време на разговорот со 49-годишниот игумен, Мадона покажала посебен интерес за прашања од духовноста и побарала од него „духовни совети“. Според зборовите на истиот монах, пејачката го прашала игуменот и за бројаницата што ја држел во раката.

По посетата на Метеори, Мадона се вратила на Крф, каде што го продолжува одморот во Грција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img