домаСветСпречен е нов обид за мигрантски наплив во Суета

Спречен е нов обид за мигрантски наплив во Суета

- Advertisement -spot_img

Мароканските безбедносни сили спречиле обид на стотици мигранти, главно од субсахарска Африка, илегално да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута.

Интервенцијата се случила во ридско подрачје на околу три километри од границата, во близина на мароканскиот град Фнидек.

Безбедносните сили употребиле солзавец, хеликоптери, дронови и полициски кучиња за да го спречат масовниот обид за преминување.

Според последните податоци, биле пресретнати 148 мигранти, од кои 128 биле лица од субсахарска Африка, а 20 биле марокански државјани.

Двајца мигранти за шпанската телевизија ТВЕ изјавиле дека бегаат од војната во Судан.

Мароканските власти во изминатите денови уапсиле и 61 лице, осомничено дека преку социјалните мрежи поттикнувало и организирало илегална миграција.

Најавено е продолжување на операциите за спречување на масовни обиди за преминување на границата.

Безбедносните мерки се засилени и во Фнидек и во областа околу Сеута.

Мароканските власти поставиле и нова метална преграда висока околу четири метри, со бодликава жица, додека Шпанија во Сеута распоредила повеќе од 1.500 полицајци и припадници на Цивилната гарда.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img